Украинската војска извршила гранитарање со касетна муниција врз селото Ќиуравлевка во Белородската област, обвини во саботата гувернерот на овој руски регион во непосредна близина на границата со Украина.
„Информации за ударите кои вооружените сили на Украина ги нанесоа врз нашиот регион на 21-ви јули: во регионот на Белгород, 21 артилериска граната и три касетни муниции од повеќекратен лансер на ракети“, објави на Telegram, гувернерот Вјачелсав Гладков.
Белгородската област, инаку, е често на артилериски удар на украинските сили, а претходно годинава беше нападната и од диверзантска група од руски неонацисти противници на Кремљ кои се борат на страната на Киев.
Покрај тоа, украинските сили го гранатирале селото Журавливка од минофрлач истрелувајќи десетина проектили а во нападот било користено и беспилотно летало камиказа, додава Гладков.
Во блиското село Шчетиновка, вооружените сили на Украина истрелале девет артилериски гранати и испукаа два фрлачи на гранати, како и исфрлија една експлозивна направа од беспилотно летало.
Во ниту едно населено место во регионот нема жртви или штети“, прецизира челникот на регионот.
Во јули американскиот претседател Џо Бајден ја објави одлуката на Белата куќа да го снабдува Киев со касетна муниција. Ваквите гранати се забранети со меѓународна конвенција што ја ратификуваа 123 земји, невклучувајќи ги САД, Украина, Русија и Кина.
Објавувајќи ја одлуката за предавањето на оваа муниција советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливан, истакнувајќи дека тоа е „исправна работа“ додаде дека претседателот Џо Бајден дал „писмени“ гаранции за начинот на кој ќе се користи оваа муниција за да се минимизира ризикот за цивилите и дека таа нема да биде користена во украински операции на руска територија.
Според тврдењата на Вашингтон, Украина наводно осигурила „писмени гаранции“ за користење на касетната муниција „многу внимателно“ минимизирајќи ги ризиците за цивилното население. Киев, исто така, ветил дека ќе направи протоколи и снимки од местата каде што ќе ја користи оваа муниција и во иднина ќе ги исчисти од неексплодираните остатоци.
Според Пентагон, само 2,5 отсто од мунициите испорачани во Украиан не експлодирале. Вашингтон смета дека забранетата во многу земји касетна муниција треба да ги задоволи потребите на украинската војска додека Западот не го зголеми производството на унитарни гранати.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно седмицава предупреди дека доколку касетната муниција биде употребана против руските сили, Москва ќе одговори со соодветната муниција.
Од почетокот на руската инвазија во февриари мината 2022 година, двете страни повеќепати се обвинуваа за користење на овој вид муниција.