Под украински оган група руски воени репортери во Запорожје, еден загина

Познатиот руски воен репортер Ростислав Журалвев загина а уште четири негови колеги се тешко ранети, кога група руски новинари се нашла под артилериски оган со касетна минуција отворен од страна на украинскат војска во текот на нивната обиколка на заднината на борбените линии во јужниот украински регион Запорожје кој е под контрола на руската војска.

Како што извести руското Министерство за одбрана, околу 12 часот по локално време во саботата, украинската војска извела артилериски удар врз група новинари на медиумската куќа Известия и на новинската агенција РИА кои подготвувале материјали за наводна употреба на касетната муниција којашто претходно седмицава САД им ја испорачаа на украинските сили.

Според именуваниот од руските власти гувернер на Запорошката област, Евгениј Балицки, украинските сили го гаѓале обележаното цивилно возило со новинарите кои се движеле од градот Василевка кон селото Владиморовка, и притоа загинал воениот репортер на агенцијата РИА, Ростислав Жиравлев.

Според Министерството за одбрана, гранатирањето врз новинарската група било извршено со касетна миниција, а покрај загинатиот Журавлев, биле тешко ранети уште четири новинари.

„Во текот на евакуацијата, Ристислав Журавлев, новинар на новинската агенција РИА, почина од повреите како резултат на експлозија на касетни дополнителни полнења“, се наведува во соопштението.

Одговорноста за ранувањето и убиството на новинарите со касетна муниција паѓа врз Вашингтон и Киев зборува за лажноста на нивните изјави дека оваа муниција нема да биде употребувана против цивили, реагираше потпретседателот на Советот на Федерацијата, Константин Косачев.

„Употребата на касетната муниција е нехумана и треба да биде исклучена од практиката на војувањето. А сите уверувања на Американците и Украинците дека немаат планови да го применат ова оружје против невоен персонал и цивили се покажаа како чиста лага. Одговорноста за ова злосторство е подеднаква на Украина и САД“, напиша сенаторот Косечев на својот профил на апликацијата Telegram.