Запалениот луксузен автомобил „ауди“ кој медиумите на албански јазик веднаш го доведоа во поврзамост со вицепремиерот и висок партиски функционер на владејачката ДУИ, Артан Груби, отвори дилема дали вицепремиерот криел имот и не го пријавил во својот анкетен лист.
Како што објави Груби, возилото е во сопственост на негов пријател, кој во извештакот на Министерството за внатрешни работи е идентификуван како 35-годишниот Б.Л од Скопје, но дека нападот бил насочен кон него.
Сепак, се поставува прашањето доколку автомобилот на бил Груби, зошто во 3,30 часот утрото било паркирано пред зградата во којашто тој живее во скопската населба Чаир.
Според министерот за надоврешни работи, Бујар Османи, „ауди“- о е на неговиот колега Груби. Како реакција на палањето на автомобилот, Османи на својот приватен Фејсбук профил напиша:
„Револтиран сум од веста за одвратниот чин – палењето на возилото на вицепремиерот Груби. Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество.
Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар. Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата. Мора да има одговорност за таквите постапки кои ја загрозуваат безбедноста и интегритетот на нашите демократски институции. Ние сме општество изградено врз принципите на мир, толеранција и почитување еден кон друг. Нашата сила лежи во нашето единство и заедно можеме да го надминеме секој предизвик што ќе ни се појави“, напиша Османи.
Истражните органи сега треба да утврдат кој е вистинскиот сопстевеник на „ауди“-то и дали вицепремиерот Груби криел имот со тоа што го впишал на туѓо име.