![Hari Poter voz 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/Hari-Poter-voz-01.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Патувањата со шкотскиот воз „Hogwarts Express“ кој се појави во неколку филмови за Хари Потер е откажано поради безбедносни причини.
Компанијата оператор „West Coast Railways“ извести дека привремено се суспендирани патувањата со „Hogwarts Express“, парниот воз кој официјално е познат како „Jacobite“.
Популарната туристичка атракција, возењето со „Jacobite“ е прекината во петокот 15-ти јули, откако инспекторите за безбедност во сообраќајот откриле проблеми со мехничките лежишта кои ги спојуваат деловите од вагоните.
Возот тргнува од Форт Вилијам, а неговата последна станица е притаениот пристанишен град Малаиг. Станува збор за патување долго 66 километри, во текот на коешто патниците може да ужуваат во шкотскиот пејзаж, езерата и вијадуктот Гленфинан, познат од филмовите за Хари Потер.