Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук го прашува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ако возилото не е на Груби, кој дозволи да стави флешери и друга звучна сигнализација, министре Спасовски вие ли одобривте?
Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост туку се водело на име на фирма ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО или на комшијата, а Артан само го користел (читај скриен имот на туѓо име), тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација?
Какви злоупотреби и колку пати се направени со истото тоа возило?
Министре Спасовски, Вие ли одобривте да се стават флешери на приватно возило на фирма, кое според медиумите но и според Крешник Бектеши и Бујар Османи е во сопственост на вице-премиерот? Зошто не ја кажете вистината?
По кој Закон, Уредба или Правилник е тоа направено?
Уште колку такви возила со предимство на минување на име на приватни фирми или на комшии имаме во државата?
До кога граѓаните треба да ги трпат неизживеаните и аздисаните “функционери”?
Затоа ли Ве плаќаат граѓаните г-не Спасовски, да молчите? Или кандидатурата за претседател и поддршката од ДУИ Ви е поважна од едни “обични флешери”?
Г-не Спасовски, во цивилизирана држава за ова се поднесува оставка, затоа што Вие не сте од вчера, туку 8 години сте министер и ова мора да е со Ваше одобрение.
Вака не во ЕУ, туку во Африканска Унија нема да не примат.
Распад систем“, стои во неговиот пост на Фејсбук.