Нелогично и неетички е веќе разрешен директор во државна компанија, повторно да биде вратен на истата позиција, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
– Повеќето менаџерски договори во акционерските друштва се ревидирани со намалување на привилегиите на менаџерите. Се согласуваме дека тоа и понатаму треба да се регулира затоа што еднаш разрешен човек веројатно се разрешува затоа што не може да ги исполни очекувањата од работното место и би било нелогички и неетички да се врати на истото работно место – изјави денеска Битиќи, прашан за именувањето на директор на ИТ секторот во државната компанија МЕПСО.
Дел од медиумите денеска пренесоа дека директор на ИТ секторот во државниот преносен оператор МЕПСО, е повторно именуван на оваа функција иако пред три години бил разрешен и за тоа зел отпремнина.