Тројца македонски државјани се на Родос каде беснеат пожари, но се на безбедно место

Министерството за надворешни работи информира дека во врска со пожарите кои ја зафатија Грција,  заклучно со денешниот ден тројца државјани на Македонија ја контактирале македонската Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос.

Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Од МНР уште еднаш упатуваат апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја.

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410