Ванг Ји го повика БРИКС на заеднички напори против светските предизвици

Хиерархиски највисокиот кинески дипломат Ванг Ји, кој повторно беше именуван за министер за надворешни работи, во вторникот на собирот на шефовите на дипломатиите на земјите од блокот БРИКС повика на заеднички напори во борбата против светските безбедносни предизвици,

Како што пренесува кинеската службена новинска агенција Xinhua, Ванг апелот го упатил на 13-от состанок на претставниците за надворешна политика и советниците за национална безбедност на земјите од БРИКС кој се одржува во Јоханесбург, во Јужноафриканската Република.

Ванг повикал на отпор кон надворешните интервенции и на зачувување на политичката безбедност. Ја истакнал и потребата за почитивање на Повелбата на Обединетите нации, загриженоста за безбедноста на сите држави очигледно алудирајќи на барањата на Москва коишто Вашингтон и Брисел ги одбија во декември 2021 година за постигнувањ договор за неширење на НАТО кон руските граници и нарушување на безбедноста на Русија, како и нивното право да ги бираат своите политички системи и патишта на развој одговорајаќи всушност на критиките од стрнаа на ткн „развиени демократии“ упатени кон водечките земји во БРИКС за непочитување на човековите права и авторитарност.

Ванг, исто така, оценил дека мора да бидат преземени напори преку дијалог да се надминуваат несогласувањата, како и дека земјите од блокот и пошироко да се спротистава на „двојните аршини“. Го истакнал прашањето на заедничката безбедност и се псритиставол на размислувањата за „нултата сума“ и „менталитетот на студената војна“ што во политичкиот вокабулар на Пекинг се однесува на политиките на наметнувања санкции од страна на ткн колективен Запад предводен од САД.

Членките на БРИКС на собирот се обврзале да продолжат да го промовираат и афирмираат духот на оваа организација, поддршката за мултилатеризмот наспроти монополарниот свет, отпорот на унилатералните санкции, како и соработка на земјите по прашањата како што се борбата против тероризмот, екстремизмот и прекуграничниот криминал.

Групата, која првично беше наречена БРИК, е основана во 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, пред Јужна Африка да се приклучи во 2010 година, додавајќи го С во акронимот. Групата од шест држави претставува повеќе од 40 отсто од светското население.

Во согласност со напорите за зајакнување на трговијата членките работат на интеграција на платните системи, зголемување на плаќањата во национални валути, како и воспоставување независен канал за размена на информации. Пред две години беше објавено дека државите на БРИКС се подготвени да создадат нов систем за заедничко плаќање наречен BRICS Pay, кој ќе биде сличен на постојните услуги на Apple Pay и Samsung Pay.

Во мај годинава јужноафриканскиот амбасадор во организацијата Анил Соклал, објави дека 13 држави формално побарале прием во составот на БРИКС. Меѓу државите кои побарале прием во БРИКС се и пет извознички на нафта: Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет, Бахреин и Иран. Тогаш американската телевизиска мрежа Fox News пренесe дека прием побарале и Аргентина и Индонезија, како и Турција и некои африкански држави. Модалитетите за проширување на БРИКС ќе бидат клучна тема на овогодишниот Самит на БРИКС што треба да се одржи во август во градот Дурбан во ЈАР.

Кина претходно во вторникот објави дека министерот за надворешни работи Чин Ганг разрешен е од должноста во вторникот откако еден месец не се појави во јавноста, а шест месеци откако од позиција амбасадор во Вашингон ја презема должноста. Чин на оваа функција дојде по Ванг, кој беше министер од 2013 до крајот на 2022 годиа, во периодот на најголемото влошување на односите меѓу САД и Кина. Ванг Ји и досага всушност беше вистинскиот шеф на кинеската дипломатија, како највисок функционер за надворешни работи во Комунистичката партија.