Најмалку 51 кит-пилот угина откако се насукаа на зафрлена плажа на западот на Австралија, соопштија властите во средата, додека спасувачките тимови се обидуваат да го вратат остатокот од јатото назад во водите.
Поморските стручњаци и волонтери кампираа изминатата ноќ на плажата Чејнес, повеќе од 450 километри југоисточно од Перт и државата Западна Австралија, откако китовите биле пронајдени исфрлени близу плажата.
„За жал, 51 кит угина во текот на ноќта по масовното насукување. Заедно со регистрираните волонтери и другите организации се обидуваме да ги вратиме другите 46 китови во подлабоките води во текот на денот“, објави Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија.
Китовите-пилоти се познати по своите силни општествени врски, па кога еден кит ќе се најде во тешкотии и се насукува, другите вообичаено го следат.
Австралија и соседниот Нов Зеланд се главните точки на масовните насукувања поради големите колонии китови-пилоти коишто живеат во длабоките океански води кои ги опкружуваат овие островски држави, но причините зошто остануваат заробени на плажите останува мистерија.