
Припадниците на Жандармеријата на Србија без никаква причин го претепале Андреј Вучиќ и тројца припадници на обезбедувањето на премиерот на Србија, пишува српски Курир, пренесува НетПрес.
Како што Курир неофицијално дознава, братот на премиерот е претепан кај Славија бидејќи сакал да го помине полицискиот кордон со своите телохранители.
„Пуштете ме да поминам немам намера ничиј живот да загрозувам“, рекол Андеј, а потоа полицајците започнале да го маваат.
Братот на премиерот и телохранителите се итно пренесени во Ургентната клиника.
Во моментов во Белград се одржува Геј парадата или Парада на гордоста и за безбедноста на учесниците во неа мобилизирани се повеќе од 7.000 полицајци