6.8 C
Skopje
четврток, декември 26, 2024

ВИДЕО I Се урна кран во Њујорк, шестмина се повредени

Шест лица, меѓу кои двајца пожарникари, се повредени откако во средата се запали врвот на градежен кран и се урна на 10-та авенија на Менхетен, соопштија властите. Пожарникарите и спасувачите пристигнале на местото на несреќата по дојава дека избувнал пожар во кабината на кранот, за потоа да сведочат на падот на огромниот кран.

Густ чад извирал од кабината на кранот, покажуваат видео снимките. Несреќата се случила во реонот на 10 и 11 авенија и 41 и 42 улица во њујоршкиот кварт Менхетен, во близина на комплексот Хадсон Јардс, соопшти полицијата.

https://twitter.com/fashiotainment/status/1684223535718207490?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1684223535718207490%7Ctwgr%5Ec3191b3f67c95bba3cd418c8bfee32ca4f37b2bd%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmkd.mk%2F

Полицијата ги повика луѓето да ја напуштат областа. Околните улици се блокирани, а сообраќајот преку блискиот тунел Линколн кон Њу Џерси е отежнат.

Работник во кабината на кранот се обидел да го изгасне пожарот, но топлината го стопила кабелот што го држи кракот на кранот, поради што кранот паднал. Кранот се наоѓал на зграда од 45 ката во изградба и во тој момент превезувал 16 тони бетон.