Ноќта кон четвртокот руските сили ја нападнаа пристанишната инфраструктура во регионот на Одеса, при што загина еден чувар а оштетувајќи го товарниот терминал, изјави гувернерот на тој регион.
Пристаништето Одеса е редовна цел на руски напади откако Москва на 17-ти јули се повлече од договорот за извоз на жито со кој се гаранираше безбедноста на извозот на украинските житарки преку Црното Море, откако и во извештајот од 10-ти јули на покровителот на договорот Обедиентите нации беше нотирано за неисполнувањето на сите одредби од договорот, особено оние кои се однесуваат на руската страна, и по една година од започнувањето на неговата примена.
Пред последниот напад, украинскиот вицепремиер Олександр Кубраков изјави дека 26 пристанишни инфраструктурни објекти и пет цивилни бродови биле оштетени во руските напади во изминатите девет дена. Меѓутоа, тој не соопшти повеќе детали за штетите.
Гувернерот на Одеса, Олех Кипер изјави дека Русија истрелала ракети од типот „Калибр“ од подморница во Црното Море кон неименувано пристаниште во нападот во текот на ноќта. Додаде дека зградата на обезбедувањето е уништена, а два автомобила се оштетени.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека во нападот биле истрелани два проектила и дека не успеале да ги соборат, но дека противвоздушната одбрана соборила осум беспилотни летала што Русија ги лансирала во текот на ноќта за да нападне други региони на Украина.
Наталија Хуменјук, портпаролка на јужната воена команда на Украина, рече дека грмотевиците во текот на ноќта ѝ помогнале на Русија во нејзиниот ноќен напад врз регионот на Одеса.
„Непријателот ги искористи временските услови и ги лансираше проектилите за време на грмотевици и ветер на екстремно мала надморска височина за да биде потешко да се забележат“, рече таа.
Хуменјук рече дека воздухопловните сили се зајакнати во некои области, но дека е потребно дополнително зајакнување.