Путин на африканските челници им вети бесплатно жито и го осуди „лицемерниот Запад“

Рускиот претседател Владимир Путин на африканските челници на средбата во четвртокот потври дека Москва ќе остане доследна на одлуката донесена уште минатата година и ќе бесплатно ќе им ги отсапи десетиците илјади тони житарки во рок од неколку месеци и покрај западните санкции и пречки кои го попречуваат рускиот извоз на житарките, прехранбените продукти и земјоделките ѓубрива.

Зборувајќи на самитот посветен на руско-африканските односи и врски во Санкт Петербург, Путин рече дека Русија очекува рекорден принос на житарки оваа година и оти може целосно да ги надомести украинкиот извоз во Африка и на комерцијалан и на хуманитарна основа.

„Ќе биде исппочитувана клучната улога на Русија за сигурност на храната на глобално ниво…. Во следните три до четири месеци ќе бидеме подготвени да им ипорачаме на Буркина Фасо, Зимбабве, Централната Африканска Република и на Еритреја по 25.000 до 50.000 тони беслатно жито. Ќе обезбдиме и бесплатно доставување на овие производи до потрошувачите“, рече Путин чиишто зборови беа проследени со силен аплауз од африканските политичари.

Како што известија ОН, од почетокот на август минатата година до 10-ти јули годинава од три украински пристаништа во Црното Море извезени се 32,8 милиони тони житарки во 45 земји на три континента. Најмногу житарки се извезени во Кина, речиси 8 милиони тони. Следат Шпанија и Турција со по 6 односно 3,2 милиони тони. Меѓу петте главни увозници се и Италија и Холандија, со 2,1 односно 2 милиона тони житарки. Египет, некогаш главниот увозник на житарки, е на шестото место со увезени 1,6 милиони тони житарки. Истовремено, најсиромашните земји како Етиопија, Судан и Сомалија, како и Јемен и Авганистан кои подолг период се соочуваат со хуманитарна катастрофа учествувале само со 3 отсто од вкупниот обем на испораките на украинските житарки, односно помалку од еден милион тони.

Ова е вториот руско-африкански самит од 2019 година на кој се очекува поптишување на десетици разни договори со кои Москва сака да го зголеми руското прусиство на африканскиот континент. На самитот учестуваат дури 49 од вкупно 54 африкански земји, а 17 од нив е претставени со претседатели на државите и четири со премиери. Кремљ претходно објави дека САД и Франција „бесрреамно“ преземаа се да ги наговорат другите земји да не учествуваат на самитот.

Одговарајќи на критиките од Западот дека руската одлука да го суспендира договорот за извозот на житарките од украинските црноморски пристаништа, Путин повтори дека Москва излегла до договорот бидјеќи ниедно од одредбите за отстранување на пречките за извоз на руските житарки и вештачки ѓубрива не е исполнета, што делумно е и потврдено до извештајот од 10-ти јули на Обединетите нации како покровител на споменатиот договор.

Некои од западните челници ја обвинија Русија дека е „неодговорна“ и дека нејзината улога наводно ќе погоди милиони луѓе во сиромашните земји.

Меѓутоа, Путин во четвртокот пред африканските челници ги повторни фактите од претходните извештаи кои зборуваат дека најмалки 70 отсто од украинското жито извезено благодарејќи на тој договор завршиле во богатите и земјите со средни приходи, како и во Европската унија.

„Сиромашните земји, како на пример Судан, се измамени и примиле помалку од три отсто од украинските житарки. Тука имаме еден парадокс. Од една страна Западните земји ги опструираат нашите испораки на жито и вештачки ѓубрива, додека нас, од друга стрна, лицемерно нѐ обвинуваат за сегашната состојба на светскиот пазар со храна“, рече Путин истакнувајќи дека западните санкции насочени кон меѓубанкарскиот сектор, осигурувањата на товарите и забрана за пренос на руски товари го спречуваат извозот на руското вештачко ѓубриво во африканските земји.

Русија, според податоците на Светската банка, е најголемиот светски извозник на ѓубрива и значаен извозник на житарки, но нејзиниот извоз го попречуваат западните санкции. Рускиот произведувач на поташ и амониум нитрат „Уралхем“ кон крајот на мај истакна дека запленетите ѓубрива на Западот чинеле повеќе од 200 милијарди американски долари, издвојувајќи го бродот „Asian Majesty“ со 60.000 тони поташ, кој е блокиран на отворено море кај естонска Рига од март 2022 година.

Во врска со овој проблем, Путин во текстот објавен на почетокот од седмицава меѓу другото напиша дека …. Уште повеќе, дури и нашата донација на минералните ѓубрива за сиромашните, најсиромашните земји, беше спречена. ОД 262.000 тони производи блокирани во европските пристаништа, беа испорачани само две пратки: 20.000 тони во Малави и 34.000 тони во Кенија“, се наведува во написот на рускиот претседател според кој остаткот „останува во бескрупулозните раце на Европејците“.