Леклер стартува од првата позиција, Верстапен казнет пред трката во Белгија

Иако актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман во годинешниот светски шампионат во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул постигна најдобро време во квалификациите, на неделната трка за Големата награда на Белгија, Шарл Леклер од Ферари ќе започне од првата стартна позиција.

Верстапен, всушност, беше казнет со пет стартни места за промена на менувачот.

Заедно со Леклер, од првиот ред ќе стартува и Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул, додека од шестото место Верстапен.

Квалификациите се одржаа на патеката Спа-Франкоршамп во петокот, бидејќи во сабота има спринтерска трка.

СТАРТЕН РЕДОСЛЕД

Прв ред:
Шарл Леклер (Мон/Ферари)
Серхио Перез (Мек/Ред Бул)

Втор ред:
Луис Хамилтон (ГБ/Мерцедес)
Карлос Саинц (Шпа/Ферари)

Трет ред:
Оскар Пјастри (Аус/Мекларен-Мерцедес)
Макс Верстапен (Хол/Ред Бул)

Четврти ред:
Ландо Норис (ВБ/Мекларен-Мерцедес)
Џорџ Расел (ВБ/Мерцедес)

Петти ред:
Фернандо Алонсо (Шпа/Астон Мартин-Мерцедес)
Ленс Строл (Кан/Астон Мартин-Мерцедес)

Шести ред:
Јуки Цунода (Јап/АлфаТаури-Ред Бул)
Пјер Гасли (Фра/Алпен-Рено)

Седми ред:
Кевин Магнусен (Дан/Хас-Ферари)
Валтери Ботас (Фин/Алфа Ромео-Ферари)

Осми ред:
Естебан Окон (Фра/Алпин-Рено)
Александер Албон (Тај/Вилијамс-Мерцедес)

Деветти ред:
Џоу Гуанју (Кина/Алфа Ромео-Ферари)
Логан Сарџент (САД/Вилијамс-Мерцедес)

Десетти редк:
Даниел Рикиардо (Аус/АлфаТаури-Ред Бул)
Нико Хуелкенберг (Гер/Хаас-Ферари)