Русија потпишала воени договори со над 40 земји во Африка

Русија потпишала договори за воена соработка со повеќе од 40 африкански земји, објави во петокот доцна вечерта рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на дводневниот руско-африкански самит во Санкт Петербург.

„Со цел да се зајакнат одбранените способности на земјите од континентот, развиваме партнерство во воената и воено-техничката сфера. Русија потпиша договори за воено-техничка соработка со повеќе од 40 африкански држави, на коишто им испорачуваме широк спектар вооружување и опрема“, рече Путин.

Рускиот преседател изјави и дека африканските држави добиле оружја и технологии, „некои и бесплатно“ со цел „јакнење на безбедноста и суверенитетот на земјите“.

Притоа претставниците на африканските земји Путин ги повика активно да учествуваат на безбедносните форуми коишто ги организира Русија, а кои се однесуваат на техничките аспекти на вооружувањето, но и на воени маневри за подобро да се запознаат со опремата и нејзиното употребување.

Претходно во петокот Путин затворајќи го руско-африканскиот состанок на врвот истакна дека во Санкт Птербург била „потврдена определеноста на сите наши држави за формирање праведен и демократски мултиполарен светки поредок…“, додека заедничката декларација ја содржи и формулацијата за „заедничката решителност во борбата против неоколонијализмот“ и „незаконските санкции“ коишто ги воведуваат западните земји.

Во четвртокот и петокот го одржа вториот руско-африкански самит од 2019 година на кој се потпишани десетици разни договори со кои Москва сака да го зголеми руското присуство на африканскиот континент. На самитот учестуваа дури 49 од вкупно 54 африкански земји, а 17 од нив се претставени со претседатели на државите и четири со премиери. Кремљ претходно објави дека САД и Франција „бесрамно“ преземаа сѐ да ги наговорат другите земји да не учествуваат на самитот.