Судиска Арабија би требало во првата седмица од август да биде домаќин на разговори за Украина меѓу западните земји, Украина и клучните земји во развој вклучително и Индија и Бразил но без учество на Русија, извести во саботата американскиот дневен весник The Wall Street Journal, повикувајќи се на дипломатски извори.
„Вашингтон и Европа се надеваат дека прговорите што ја исклучуваат Русија може да доведат до меѓународна поддршка за мировните услови во полза на Украиа (….) Според дипломатите кои учествуваат во разговорите, високите претставници на 30-ина земји ќе пристигна во Џеда на 5-ти и 6-ти август“, се наведува во написот.
Во продолжение се наведува и дека на листата поканети земји се Индонезија, Египет, Мексико, Чиле и Замбија. Притоа Велика Британија, Јужноафриканската Република, Полска и Европската унија веќе го потврдиле своето учество.
Според весникот, Украина и западните нејзини сојузници се надеваат дека нивните напори ќе доведат до мировен самит подоцна годинава. Се очекува светските челници на него да ги потпишат општите принципи на спогодбата. Тие, исто така, се надеваат дека тие принципи ќе ја формираат рамката за идните мировни преговори меѓу Украина и Русија во полза на Киев. Сепак, како што се забележува во материјалот на WSJ, Москва нема да учествува на самитот.
Тоа, сепак, ја прави и нереална можноста за почнување преговори од кои Киев се повлече уште на почетокот од април минатата 2022-година откако Турција која беше домаќин на делегациите на двете земји кои преговараа за примирје објави дека во Истанбул бил постигнат начелен договор и нацрт на документот.
Во написот на WSJ се наведува и дека сѐ уште не е јасно колку земји ќе присуствуваат на состанокот во август. Сепак, се очекува пристигнувањето на претставниците на државите коишто учествуваа во разговорите за Украина во јуни во данската престолнина Копенхаген. Исто така, според извор на весникот запознаен со плановите, можно е учество на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Како што изјавиле неименуваните западни дипломати, Саудиска Арабија била избрана како терен за овие разговори, делумно и со надеж дека така ќе ја убедат Кина да земе учество.
Во средата германската јавна телевизија ARD објави дека на разговорите за Украина одржани на 24-ти јуни во Копенхаген „под услови на најстрога тајност“ покрај учеството на дипломати од западните земји, учествувале и претставници на Бразил, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, кои се во блокот БРИКС заедно со Русија.
Покрај обидите на ткн колективниот Запад предводен од САД по цела година влужување напори меѓунаридно да се изолира Русија, некои геополитички аналитичари сметаат и дека целта на ваквите иницијативи е токму да се поткопа единството во БРИКС, откако водечките земји во блокот повеќепати истакнуваа дека се залагаат за воведување на мултиполарниот светски поредок.
На 20-ти јули шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Ермак изјави дека Украина подготвува нов состанок на советниците за национална безбедност и политичките претставници со учество на земјите од групата Г7 и на ткн Глобален Југ.
Русија повторува дека е подготвена за нови мировни преговори со Украина, откако ланскиот април Киев се повлече целосно од нив по ненадејната посета на тогашниот британски премиер Борис Џонсон и американкиот министер за одбрана Лојд Остин, но сега порачува дека украинската страна ќе мора да се соочи со „новата реалност“ односно со тоа што југоисточните украински региони со доминатно руско наеление изгласаа присоединување со Русија, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.
Истовремено Украина донесе закони со кои се забрануваат преговори со Русија сѐ додека руските војски не се повлечат на границите од 1991 година.