Британија издава нови дозволи за нафта и гас во Северното Море

Велика Британија ќе издаде стотици нови дозволи за истражување и експлоатација на нафта и природен гас во Северното Море за да стане енергетски понезависна, соопшти во понеделникот владата во Лондон.

На североистокот на Шкотска и регионот Ханбер ќе бидат инсталирана нова инфраструктура за фаќање и складирање на јаглеродот, се додава во соопштението.

„Сега повеќе од кога и да е од пресудна важност е да ја зајакнеме нашата енергетска безбедност и да ја капитализираме таа независност за да испорачаме попристапна, почиста енергија во британските домови и компании“, изјави британскиот премиер Риши Сунак во изјавата.

Како што е најавено, премиерот Сунак подоцна во понеделникот треба да ја посети важната инфраструктурна локација Аберденшир во Шкотска.

Регулаторното тело за нафтената и гасна индустрија би требало новите дозовли за истражувања на овие ресурси да ги издаде есенва.

Велика Британија кон крајот на евруари 2022 година соопшти дека гледа „добра и стабилна“ иднина за нафтената и гасната индустрија во Северното Море, како и дека ќе издаде нови дозволи за да се зголеми производството.