Германската економија зоастанува во трката со меѓународната конкуренција, предупредуваат индустриските и занаетчиските здруженија, нагласувајќи дека нејзината позиција во групата водечки индустриски нации е доведена во прашање.
„Патот по кој оди Германија води до загуба на полето на економијата, особено на меѓународно ниво“, изјави за новинката агенција DPA, Зигфрид Русвурм, претседател на Конфедерацијата на германските индустријалци (BDI).
Неопходни се бројни прилагодувања доколку сакаме да ја задржиме нашата позиција во групата водечки индустриски нации, истакна за германската агенција претседателот на Конфедерацијата на германските здруженија на работодавачи, Рајнер Дулгер.
Итно треба да се преземат значајни чекори за да се избегне длабока криза, нагласува Јоерг Дитрих, претседател на Германската конфедерација на занаети.
Германската економија стагнираше во вториот квартал, според минатонеделните прелиминарни бројки на заводот за статистика, благодарение на стабилизирањето на трошоците на домаќинствата, што значи дека очекуваниот пролетен пораст беше пропуштен.
Економистите, од друга страна, предупредуваат на помрачна перспектива за следните месеци.
„Расположението во деловните кругови е сè помрачно, а не е добра ниту инвестициската клима. Згора на тоа, во моментов не сме атрактивни за странски инвестиции, делумно поради високите даноци“, тврди Дулгер.
Мора да инвестираме за да ја направиме Германија поатрактивна за странските инвеститори, смета тој. „Германија мора да биде побрза и да ја забрза дигитализацијата“, вели тој.