Захарова: Зеленски го компромитира Вашингтон

Со извршување на терористички напади врз цивилна инфраструктура, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја компромитира Америка и ја уценува Белата куќа со барања за уште поголема „помош“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Што ќе му е тоа на Бајден непосредно пред изборната трка? Темата на тероризам се повеќе ќе се поврзува со американскиот либерализам. Идеолошки цугцванг. Историски гледано, Американците наоѓаа излез од него по хируршки пат“, рече Захарова.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека киевскиот режим се обидел да употреби три беспилотни летала за да нападне објекти во Москва и Московската област, пренесува Спутник. Две беспилотни летала беа соборени со противвоздушна одбрана, а еден беше уништен со средства за електронско војување и тој дрон падна на кула во Москва Сити.

Повредени нема, а оштетувања претрпе фасадата.