Примитивизмот на Денко Малески

Повод да ја напишам оваа колумна е писанието – колумна на Денко Малески во еден неделник, кој дели совети на неистомисленици, како повеќе да се размислува, а да се нема емоции.

Па, добро Денко Малески! Имате право на свое размислување, ама не примитивно.

Ајде да те прашам, Денко:

Замислете едно утро да се разбудиш без емоции, едноставно ги немате. Да не чувстувате ништо… ни бес, ни љубов, ни тага, ни среќа… Дали таков, би бил способен да преживееш? Има ли таквиот живот смисла?

Колку и како би се променил начинот на размислување?

Денко Малески, само да те потсетам

Ајде да те потсетам за твојот примитивизам – СКАНДАЛ „13 НОЕМВРИСКА награда на град Скопје за 2021 година“, која ти се додели од областа на науката: „за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование“. Комисија што ја именува Одборот е блиска на политичката партија на СДСМ.

Почитувани читатели,

Уште еднаш сакам да ја потсетам почитуваната претседателка на комисијата Вангелина Мојаноска, како и попратната комисија, која треба да одговори и сте должни на македонската јавност и пошироко да објасните и образложите: Кој е придонесот во областа на науката развојот и придонесот во високото образование на Денко Малески, значајно за Македонија? Знам, ќе ме упатите, почитувана колешке Мојаноска на Википедија!? Ви благодарам, таму е многу скромно, никаде не пишува на што магистрирал или докторирал, Денко Малески! Зошто не е објавено и не се знае, треба да објасните Вие од комисијата или добитникот на „13 ноемвриската“ награда, Малески. Која му е докторската дисертација? За ова ќе се повикам на професорката Каролина Ристова-Астеруд, која открива дека нејзиниот колега Денко Малески, го крие неговиот докторат со кој станал професор на Правниот факултет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Цитирам: „Професорот Малески докторирал на тема: „Корените на американскиот империјализам“, поконкретно за „Марксистичката концепција на американската политика“. Зошто Малески го крие неговото „крунско“ научно дело кое комунистичко-марксистичка критика на американскиот империјализам од најлевичарските идеолошки позиции…“. Ова е неговиот научен опус, кој „придонел за развој на науката и високото образование во Македонија“. Ова е трагикомично!!!

Твојот придонес во „областа на науката“ е тоа што си открил дека „македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничко потекло“ или дека „Гоце Делчев е Бугарин“ и „Мисирков е Бугарин“. Да, ти си голем примитивен националист, со бугарска надворешна политика?!

Твојот придонес Малески е во тоа што му беше советник на претседателот Пендаровски. И добро го советуваш. Јасно е. Пендаровски истакна дека „Гоце Делчев е Бугарин“. Ова е за тажење и жалење!!! Ова само можат да го истакнат само оние кои немаат емоции и разум!!!?.

Затоа кога се доделуваат награди треба да се подигне нивото и критериумите. Денко Малески има навистина напишано многу колумни како оваа во неделникот „Фокус“ под наслов: „Примитивниот национализам и надворешната политика“ (1.08.2023) за подршка на политиките на СДСМ и редно би било да добие годишна награда за најревносен КОЛУМНИСТ! Ништо повеќе, ништо помалку.

Ова се члучува во мојата мајка МАКЕДОНИЈА!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес