
Претседателот на Лекарската комора на Косово, Плеурат Сејдиу изјави дека во претходните пет години Косово го напуштиле повеќе од 550 лекари и медицински работници.
Тој за приштинскиот портал Газета експрес изјави дека од тие заминувања најмногу е погоден хируршкиот сектор, пред се на анестезиолозите.
Автоматски се намалуваше работата во халите, се зголемуваа листите на чекање, а со тоа и незадоволството на пациентите, рече Сејдиу.