Цените на нафтата во пад по растот поттикнат од намалувањето на понудата

Цените на нафтата паднаа во понеделникот на меѓународните пазари по продолжениот период на раст изминатите повеќе од месец иполовина.

Цената на барелот нафта на лондонскиот пазар падна за 81 цент на 85,43 долари во однос на претходното затворање на тргувањето. Барелот на американскиот пазар поевтини за 83 центи, на 85,43 долари, а на затворањето на претходниот трговски ден потона за еден долар.

Цените на двата пазара минатата седмица ја забележаа својата шеста последователна седмична добивка.

Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во петокот барел нафтена кошница на нејзините членки поскапела за 2,48 долари на 87,97 долари.

„Цените на нафтата би можеле да се консолидираат околу 85 долари за барел во Лондон извесно време, ограничени од континуираната загриженост за темпото на закрепнување на Кина и прашањата за тоа колку долго Саудиска Арабија и Русија ќе продолжат да го ограничуваат своето производство и извоз, со оглед на слободниот капацитет што во нивните врвовите на прстите“, вили Сувро Саркар од банката DBS.

И покрај тоа што СAД го загубија својот највисок кредитен рејтинг минатата седмица, основната глобална макроекономска позадина сè уште изгледа оптимистичка, оценува аналитичарот на PVM, Тамаш Варга.

На страната на понудата, најголемиот светски извозник Саудиска Арабија во четвртокот го продолжи своето доброволно намалување на производството од милион барели дневно до крајот на септември, оставајќи ја отворена можноста за дополнителни намалувања. Во согласност со намалувањето на производството, државната компанија „Saudi Aramco“ во саботата ги зголеми официјалните продажни цени во септември трет месец по ред на најголемиот дел од суровата нафта што ја продава во Азија.

Русија дополнително ја зголеми кризата со најавата за намалување на извозот на нафта во септември за 300.000 барели дневно, што е дел од нејзиниот договор со Саудиска Арабија и уште неколку членки на проширениот нафтен картел познат како OPEC+.

Со овие дополнителни намалувања и процени за значително намалување на залихите на нафта во наредните месеци, како што оценува Варга, „темелните фундаменти стануваат јасно охрабрувачки“ за цените.

Но, фокусот оваа седмица ќе биде ставен на кинеските економски податоци за да се измери апетитот на Пекинг за дополнителни стимулативни мерки за поддршка на втората по големина економија во светот, по лошиот втор квартал.