
Бурата Ханс донесе оркански ветришта и обилни врнежи во Шведска и Норвешка, некои од важните патни правци се потопени, а имало прекин и во железничкиот и траектниот сообраќај.
Во Шведска во неделата биле регистрирани повеќе од 25.000 громови. Се известива и за кус прекин во снабдувањето со електрична енергија во Малме, паде што без струја останале повеќе од пет илјади луѓе, пренесува јавната телевизија SVT. Поплавување на кужжи и подруми се пријавени и во округот Вастернорланд, на севверот на земјата, според истиот извор.
Во Норвешка метеоролозите очекуваат и влошување на ситуацијата и предвидуваат дека бурата Ханс би можела да стане најсилната бура во земјата последните 25 години.
Норвешкиот метеоролошки институт, кој и ја именуваш бурата како Ханс, објави ургентни предупредувања за поголеми делови на југот на земјата коишто ќе бидат на сила до вторникот вечерта. Некои локални власти се предупреден да преземат мерки поради можни свлечишта.
Норвешките власти го советуваа населението да работи од дома. Очекувајќи силни ветрови, забавниот парк Конгепармен, во близина на Ставангер, веќе објави дека ќе остане затворен и во вторник.