Мицкоски: Колку тие посилно притискаат, толку пожестоко ќе бидат поразени – потоа ќе има вистинска одговорност

-Читам денес МВР на Спасовски и Ковачевски обелодениле „голем” криминал. На градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов му поднеле кривична пријава зошто го именувал единствениот кандидат кој и се пријавил на огласот за директор на Основното училиште.
Значи не е тендер, не е договор во 4 очи, туку одлука за именување на директор кој не бил по кејфот на власта.

Патем да напоменам нема кривична пријава за Мерко кој назначил за директор на училиште средношколка. Нормално нема кривична пријава зошто зелените од ДУИ ќе се налутат на СДСМ.

Со ваква власт, нема зима за криминалците. А, Папазов е силен и добро знае дека колку тие посилно притискаат, толку пожестоко ќе бидат поразени. Е, потоа ќе има вистинска одговорност за вистинските криминали, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.