Лекарите препорачуваат – спијте без долна облека

Во зимскиот период, освен што спиеме по долна облека, спиеме и по пижами, а во лето најчесто спиеме во долна облека. Експертите велат дека тоа може да биде многу штетно. Освен што предизвикува развој на бактерии, може да доведе и до стерилитет.

Лекарите ги советуваат своите пациенти да создадат навика да спијат голи. Освен придобивките поврзани со вашиот интимен живот, ваквиот начин на спиење, без никакви „пречки“, може поволно да влијае и на вашата психа. Ќе се будите поодморени и ќе имате многу повеќе енергија.

Д-р Мери Џејн Минкин, клиничка професорка по акушерство, гинекологија и репродуктивни науки на Јеил, и д-р Лорен Штрајхер, вонреден професор по акушерство и гинекологија на Универзитетот Нортвестерн и автор на „Sex Rx“, на оваа тема зборуваа за „BuzzFeed”.

– Габичните инфекции се предизвикани од прекумерниот раст на природно настанатите кандида габички, а воспаленијата најчесто се предизвикани од нарушена рамнотежа на вагиналните бактерии. И во двата случаи, проблемот настанува одвнатре, а не поради надворешни фактори, како што е спиењето во долна облека – објаснува Штрајхер.

Доколку не сте навикнати да спиете голи, наместо долна облека носете шорцеви бидејќи се поудобни. Долната облека, особено тесната, може да биде причина за разни болести и инфекции кај двата пола. Се јавува зголемено потење, а секоја влажна средина е идеално место за размножување на бактериите.

Носењето на непамучна долна облека, создава топла и влажна средина, која е идеална за габични инфекции – вели д-р Евелин Левин.

Покрај развојот на микроорганизми, ткаенината може да предизвика осип и црвенило. Жените особено мораат да се грижат за вагиналната микрофлора, бидејќи оштетувањето на нејзината бариера, може да доведе дури и до стерилитет, а тоа важи и за мажите. Според урологот Брајан Стекснер, прегрејувањето на гениталиите кај мажите ја загрозува семената течност и ја намалува можноста за оплодување.

Според истражувањето, само 18 отсто од населението спие без долна облека. Лекарите додаваат дека спиењето без долна облека не само што го намалува ризикот од инфекции и стерилитет, туку поволно влијае и на вашиот интимен живот.