Артилериска граната пронајдена на кејот на Вардар во центарот на Велес

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување вчера на кејот на реката Вардар во центарот на Велес, подигнале артилериска граната од 75 мм.

Од ДЗС информираат дека гранатата била пронајдена при изведување на градежни работи.

Истата е однесена на безбедно место.