
На 09.08.2023 во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 08.08.2023 околу 23.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, Л.Д.(53) од Скопје и К.Ш.(61) од Канада, по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од А.Ч.(33) и Б.И.(34), двајцата од Скопје, кои употребиле и тврди предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.