Отстранети 45 кубни метри отпад од три скопски општини

Од почетокот на неделава отстранети се 45 кубни метри отпад од диви депонии во три скопски општини.

„Комунална хигиена“ денеска соопшти дека отпадот е подигнат од диви депонии во близина на „Македонска куќа“ во Општина Карпош, на улицата „Славеј планина“ во Општина Чаир, како и на повеќе локации во Општина Кисела Вода.

Еко-патролата извршила надзор врз неколку микролокации на улицата „Петар Манџуков“ во скопската општина Бутел, каде е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини.