
Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, во четвртикот непосредно при неговото пристигнување во Астана, која е дел од неговата централно азиска турнеја, поради сензитивноста што се случува во Лачин Коридорот и потребата за итно реагирање, оствари два одделни телефонски разговори со Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, Џејхун Бајрамов и Арарат Мирзојан.
Министерот Османи ја изразилсвојата загриженост за состојбата околу коридорот Лачин и влијанието врз цивилното население, особено ранливите групи, вклучително жените и децата. Воедно, Османи истакнал дека внимателно ја следи ситуацијата во Лачин коридорот и го повтори својот повик за конструктивен и продуктивен дијалог како авенија за одржливи решенија, за доброто на локалното население.
Османи истакнал и дека треба да преовладуваат хуманитарните аспекти и непосредните потреби на луѓето. Воедно ја потенцира потребата за користење на ОБСЕ механизмите и соодветни мерки како дел од решенијата за нормализирање на односите и градење доверба меѓу Ерменија и Азербејџан.
Во својство на претседавачот на ОБСЕ, Османи ја потврдил својата подготвеност да продолжи со личниот, активен ангажман со страните и во таа насока, и повторил дека Македонија е подготвена да понуди платформа за дијалог, додавајќи ги напорите и можните решенија за одржлив мир.