Приведено лице од Битола за издржување казна затвор 2,5 години

Денеска (11.08.2023) на ул.„Партизанска“ во Битола, од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола, приведен е Б.С.(36) од Битола, информираат од МВР.

За него била издадена наредба од Основен суд Кичево со која се барал за издржување казна затвор во траење од две години и пет месеци. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола.