Кина денеска соопшти дека неодамна открила „шпионска афера“ во корист на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во која е вмешан кинескиот државјанин Зенг, кој одддавал важни тајни во замена за пари.
„По внимателна истрага, управата за државна безбедност прибави докази за шпионските активности на Зенг и, согласно законот, презеде казнени мерки против него за навреме да спречи штета“, соопшти денеска Министерството за државна безбедност.
Не е наведено како Зенг бил казнет.
Во соопштението се вели дека Зенг (52) бил испратен на студии во Италија каде што се спријателил со агент на ЦИА кој работел во амбасадата на САД во Рим. Агентот го убедил Зенг да обезбеди чувствителни информации за кинеската војска во замена за огромна исплата и помош за Зенг и неговото семејство да можат да дојдат во САД, се вели во соопштението.
Според извештаите, Зенг потпишал договор со САД и поминал обука за шпион пред да се врати во Кина.