ВИДЕО| Одобрени само осум вработувања во болницата во Штип на кандидати блиски до СДСМ

Од побарани 15 согласности за вработување доктори во Клиничката бочница во Штип, кои не се доволни, одобрени се само 8 и тоа за оние кандидати, кои се во тесни и блиски врски со лица кои се дел од владејачката СДС, ова денеска го истакна Никола Костадинов, вработен во Клиничката болница во Штип, на фејсбук страната од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Порачуваме на кандидатите кои не се избрани дека оваа крајно неспособна Влада наскоро ќе замине во историјата,одложете го пакувањето на куферите и заминувањето во странство.

-По целосното отсуство на стратегија за изградбата на Клиничка болница во Штип сведочиме и за целосно отсуство и на стратегија на кадар кој лекува – лекари, средно-медицински кадар и помошно-технички персонал.

-Неспособноста и неодговорноста врши поткопување на јавното здравство со НУЛА инвестиции во човечкиот потенцијал.

-Многу бргу по промената на власта ќе започне процес на обновување на здравствениот систем во целост преку имплементирање на стратегијата на млади лекари која ќе развие методологија и правци за да се вратат младите и да останат да работат во Македонија.

-Д-р Никола Костадинов, вработен во Клиничка болница Штип, стои во постот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.