Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе Србија вечерва, во 18.55 часот. Според првичните информации, епицентарот бил недалеку од Краљево, во планинскиотрегион Гоч.
Според податоците на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран кај Баљевац на Ибар. Граѓаните на Врњачка Бања велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно.
Потресот го почувствувале и на горните катови. Дури и белграѓани пријавиле дека почувствувале благо тресење. Засега не се знае дали има материјална штета.