За излез на „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 30-40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.