
Во неделата во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 8.
Утринските температури се во интервалот меѓу 9 и 19, додека максималните дневвни соодветно ќе се движат од 23 до 34 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.