Делови од две скопски општини утре и задутре ќе останат без електрична енергија, информираше утрово Регионалниот центар за управување со кризи.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН, утрово информираше дека технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
14.08.2023 година (понеделник):
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Усје. (Општина Кисела Вода)
15.08.2023 година (вторник):
- Од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од дел од ТЦ Мавровка, поточно повисоките катови. (Општина Чаир)