Колумбиската пејачка Шакира (46) и канадскиот рапер Дрејк предизвикаа гласини за љубовна романса, пишува Дејли Мејл.
Славните личности ја напуштиле истата забава на која присуствувале заедно во Западен Холивуд, Калифорнија.
Очевидец изјави за Дејли Меил дека пејачката и 36-годишниот музичар биле видени како заминуваат „во само неколку минути разлика во 3:25 часот по полноќ“.
Иако не биле фотографирани заедно, Шакира, која минатата година се раздели од својот долгогодишен партнер Жерар Пике по 11 години врска, им се насмевнала на локалните папараци.
View this post on Instagram
Актерката беше облечена во портокалов топ и широки фармерки. Косата на Шакира традиционално паѓаше во бранови, а била многу дискретно нашминкана.
Пејачката го искомбинира својот лежерен изглед со пар сиви чевли на платформа и бела чанта.
Дрејк пак, ја покажа својата ексцентрична смисла за мода облечен во сина летна јакна преку бела маица и широки фармерки.