Во Украина досега загинале речиси 10.000 цивили, објавија ОН

Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (OHCHR) соопшти во вторникот дека според новиот извештај во кој нема поголеми корекции на трагичните бројки 9.444 цивили загинале а 16.940 се ранети откако Русија ја започна инвазијата на Украина кон крајот на февруари 2022 година.

Во извештајот се наведува и дека досега се убиени 500 деца, но се додава дека вистинската бројка на загинати е веројатно многу поголема.

Од OHCRH потенцираат дека бројките не се целосни, бидејќи недостигале податоците од бројни региони, а тоа особено се однесува на градовите како што се Маритољ, Лисичанск или Северодоњецк, кои беа под контрола на руските единици подолг период, па затоа е потешко да се добие информации и бројки. Се стравува дека во Киев се убиени повеќе Украинци отколку што покажуваат официјалните податоци.

Според податоците со кои располагаат ОН, огромното мнозинство луѓе, или 7.339, загинале во областите на Украина кои беа гранатирани од Русија и кои ги бранеше украинската армија. Во регионите кои се под контрола на проруските бунтовници и руските сили биле убиени 2.105 цивили, од почетокот на сегашниот конфликт. Не е познато на кој извор OHCRH се потпира во врска со последниот податок, имајќи предвид дека нивни службеници не се присутни во регионите под руска контрола.

Во југоисточните доминатно со руско и рускојазично население региони Доњецк и Луганск кои се отцепија по превратот во Киев во 2014 година, има значително повеќе жртви од двете страни на линијата на фронтот отколку во главниот град Киев, во централна и западна Украина. Извештајот на ОН покажува и дека повеќе цивили биле убиени во првите месеци од војната. Според податоците на ОН, меѓу 170 и 180 цивили гинеле месечно во пролетта и летото 2023 година.

Вкупните жртви од граѓанскиот конфликт меѓу новите власти во Киев и проруските бунтовници од 2014 до 2022 година, се проценуваат на најмалку 14.000 луѓе на двете страни.