Сончево и топло, со мала до умерена локална облачност

Во Македонија во среда ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максимумот од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 34 степени.