Волонтери собрале 6.081 килограм ѓубре и 27.854 отпушоци на холандските плажи во периодот од 1 до 15 август, објави денеска Фондацијата Северно Море, еден од организаторите на годишното чистење на плажите.
Во акцијата учествуваа 1.827 волонтери.
Фондацијата оценила дека бројот на фрлени отпушоци покажува дека е неопходно да се забрани пушењето на плажите, пишува „NL Times“.