Пад на јапонскиот извоз првпат по две ипол години

Јапонскиот извоз паднал во јули на годишно ниво првпат во последните речиси две ипол години поради пониската побарувачка на лесна нафта и опрема за производство на чипови, зголемувајќи го стравот од глобална рецесија, бидејќи побарувачката слабее на клучните пазари како кинескиот.

Јапонскиот извоз, според податоците на јапонското Министерство за финансии објавени во четвртокот, во јули на годишно ниво паднал за 0,3 отсто по 1,5-процентниот раст во јуни.

Воопштено податоците укажуваат на кревкоста на јапонските извозни мотори – автомобилската индустрија и производството на чипови, а послаби показатели бележи и туристичкиот сектор.

Јапонските политичари сметаат дека извозот ќе го надомести падот на личната потрошувачка поради растот на цените. Меѓутоа, поострото глобално забавување и потзапрениот раст на главниот јапонски извозен пазар Кина, ја зголемува загриженоста.

Така, извозот во Кина потонал во јуни на годишно ниво за 13,4 отсто, поради намалените испораки на автомобили, нерѓосувачки челик и микрочипови, откако во јуни паднал за 10,9 отсто.

Испораките во САД во минатиот месец во одно на ланскиот јулу се зголеми за 13,5 отсто на досега најголемото забележана вредност, предводени од испораките на електрични возила и автоделови, по растот за 11,7 отсто во јуни.

Податоците објавени во четвртокот, исто така, покажале дека увозот во јули на годишно ниво паднал за 13,5 отсто.

Така, трговскиот биланс потонал во дефицит од 78,7 милијарди јени, односно 537,27 милиони долари.