-Повеќе нема простор за Христијан Мицкоски и неговите манипулации пред јавноста.Денешната седница во Собранието на која ќе се расправа за уставните измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или дефинитивно се против ЕУ, соопштија од СДСМ.
-Со уставните измени се зајакнува мултиетничкиот карактер и македонскиот идентитет, затоа што македонскиот јазик е признаен во ЕУ и со преговарачката рамка и поради дефиницијата за македонската посебност. Измените на Уставот се потребни за да продолжи нашиот евроинтегративен процес и отворањето на поглавјата од процесот на преговори.
Но, Мицкоски со голема леснотија кажува дека е подготвен да им ја блокира европската иднина на граѓаните земјата, исто како Груевски. Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или е за изолација, седнат во скутот на Левица. Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ, стои во соопштението на СДСМ.