Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и американските здравствени власти во петокот соопштија дека внимателно ја следат новата верзија на вирусот SARS-CoV-2, иако „можните последици од бројните BA.2.86 мутациите сè уште се непознати.“ .
СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта „во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) мутации на шилестиот ген што го носи“, напиша организацијата во епидемиолошкиот извештај за пандемијата на коронавирусната болест ковид-19 пандемија објавена ноќта кон петокот.
Поради шилестиот протеин вирусот изгледа како да има боцки, што му овозможува на SARS-CoV-2 да влезе во клетките на домаќинот. Новата верзија досега е откриена само во Израел, Данска и САД.
„Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа“, соопшти организацијата, уште еднаш предупредувајќи дека е важно да се продолжи со следење, секвенционирање и информирање на релевантните органи за да се добие точна и целосна слика за пандемијата на ковид-19.
До 13 август 2023 година, ширум светот се пријавени повеќе од 769 милиони потврдени случаи на ковид-19 и повеќе од 6,9 смртни случаи. Вистинскиот број на заразени и починати се верува дека е многу поголем бидејќи многу случаи не се пријавени.