САД, Јапонија и Јужна Кореја го осудија „агресивното и опасно“ однесување на Кина

Соединетите држави, Јапонија и Јужна Кореја ја објавија досега најострата осуда на „агресивното и опасно однесување“ на Кина во Јужното Кинеско Море во соопштение објавено во петокот од тројниот самит во резидендецијата крај базата Кемп Дејвид.

Американскиот претседател Џо Бајден беше домаќин во местото близу Вашингтон летна резиденција на американските челници на јапонскиот премиер Фумио Кишида и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол на „историскиот“ самит кој претставува демонстранција на јакнењето на единството и во прв ред воената соработка на трите земји во регионот на Пацификот поради, како што тврдат тројцата челници – сѐ посилната Кина и нуклеарните закани од Северна Кореја.

Според заедничката изјава, трите земји се „обврзуваат на итни меѓусебни консултации во време на криза и на координиран одговор на регионалните предизвици, провокации и закана по нивните заеднички интереси“.

Се договриле, исто така, да одржуваат трилатерални воени вежби секоја година и во реално време да споделуваат информации за секое севернокорејско „незаконско“ тестирање на ракети до крајот на 2023 година, а се обврзале и секоја година да одржуваат троен самит.

Вокабуларот со кој во заедничката изјава се осудува „однесувањето“ на Кина, е поостар од очекуванот и голема е веројатноста дека ќе предизвика жесток одговор на Пекинг како и преземање соодветни акции, кој е витален трговски партнер и за САД и за Јужна Кореја и Јапонија.

„Имајќи го предвид опасното и агресивно однесување на Народна Република Кина којашто незаконски ја присвојува морската територија на што неодамна бевме свеодци во Јужното Кинеско Море остро го осудуваме секој едностран обид за промена на статус-квото во водите на Индопацификот“, се наведува во изјавата.

Со децении Пекинг води спорови со неколку земји во Азиско-пацифичкиот регион за териротијалната надлежноста на редица острови во Јужното Кинеско Море, каде што се откриени значителни резерви од јаглеводороди. Кина, како и повеќе земји во регионот Јапонија, Виетнам, Филипини и Тајван, сите сојузници на САД, се спорат околу поморските граници и зоните на надлежност во водите на Јужното и на Источното Кинеско Море, низ кои минуваат важни поморски правци преку кои се одвива трговија која на годишно ниво изнесува повеќе од 5 трилиони американски долари.

Преземените обврски на првиот самит во Кемп Дејвид во Вашингтон се оценуваат како важен чекор за Сеул и Токио кои имаат долга историја на меѓусебно непријателство и недоверба. Корејскиот полуостров, имено, беше под децениска брутална и исклучително крвава окупација на Јапонија завршена дури со крајот на Втората светска војна.

Јужнокорејскиот претседател Јун го цитираше некогашниот американски претседател Френклин Рузвелт кој рекол дека слободата не е дадена, туку за неа треба да се избори и притоа додаде „Нашите три земји мора да бидат цврсто обединети за нашата слобода да не биде загрозена“.

Пекинг предупреди дека американските напори за јакнење на воените врски со Јужна Кореја и Јапонија „може да ги зголемат тензиите и судирите во регионот“.

Кина смета дека Вашингтон безуспешно, како и во случајот со Русија, се обидува да ја изолира дипломатски и воено да ја опколи. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји така неодамна ги предупреди Сеул и Токио.

„Можете да се бојадисувате како русокоси и да се правите фини колку што сакате, никогаш нема да биде Европејци или Западњаци, не можете да станете Западњаци. Мораме да знаеме каде ни се корените…“, порача кинескиот дипломат повикувајќи ги Јапонија и Јужна Кореја да соработуваат со Кина.