Норвешкиот масовен убиец Брејвик ја тужи државата за „екстремната“ изолација

Масовниот убиец Андерс Бехринг Брејвик ја тужи Норвешка за кршење на човековите права поради тоа што се наоѓа во „екстремна“ изолација и поднел уште едно барање за условно пуштање на слобода, соопшти неговиот адвокат во петокот.

Брејвик, кој е претставен како ултрадесничарски милитант, уби 77 луѓе, главно тинејџери на летен камп на тогашната владејачка норвешка левичарска партија на остров крај Осло, во пукање и подметнати експлозии во јули 2011 година во најтешкото злосторство во историјата на Норвешка.

Овој сега 44-годишник ја отслужува најдолгата норвешка казна од 21 година затвор, поради непредвидените слуачи на тероризам и масовни убиства во норвешкиот кривичен законик, која може да биде продолжена со законските измени доколку и натаму биде сметан за закана.

„Ја тужи државата, бидејќи е во екстремна изолација 11 години, и нема контакти со други луѓе, освен со своите стражари. Минатата година е преместен во нов затвор и се надевавме дека таму условите ќе бидат подобри и дека ќе може да се сретнува со други луѓе“, изјави неговиот адвокат Оејстејн Сторвик.

Во 2017 година Брејвик го загуби случајот за заштита на човековите права кога апелацискиот суд ја поништи пресудата на понискиот суд дека неговата изолација во трособна ќелија е нехумана.

Минатата 2022 година норвешки суд, исто така, го одби неговото барање за условно ослободување, велејќи дека тој и натаму претставува опасност од насилство. Адвокатот Сторвик рече дека очекува оти окружниот суд во Осло ќе ја сослуша тужбата следната пролет.