Двајца Израелци убиени на Западниот брег

Вооружен палестински напаѓач убил двајца Израелци во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан, која последните месеци се претвори во жариште на насилствата, соопшто воо саботата израелската војска.

Двајца мажи, татко и син, извести израелската телевизија Kan, убиени се одблизу во перална за автомобили во палестинскот село Хувара, на северот од Западниот брег кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од Израел во војната од 1967 година. Изралеската служба за итни случаи потврди дека две лица ги загубиле животите во нападот.

Израелската војска соопшти дека ја пребарува областа во потрага по напаѓачот, како и дека поставила блокади на патиштата во близина на местото на нападот.

Во областа на населбата Хувара веќе се случија неколку смртоносни напади врз Израелци, како и одмазнички напади на еврејските доселеници врз Палестинци, вклучително и спонтаниот див поход на ова село во февруари годинава.

Хамас и другите вооружени групации кои во 2007 година од Појасот Газа ги протераа претставниците на Палестинската самоуправа во која доминираа функционерите на Фатах, го пофалија нападот во Хувара во саботата.

Насилствата на Западниот брег ескалираа изминатите 15 месеци со зачестени палестински улични напади и големи израелски рации за елиминирање на припадниците на радикалните исламистички палестински движења кои своите акции ги префрлија од Појасот Газа во оваа енклава каде на власт е Палестинската самоуправа на двиќењето Фатах.

Изгледите за заживување на мировниот договор под американско покровителство чијашто цел беше воспоставување незавинса палестинска држава на Западниот брег, во Газа и источен Ерусалим, и натаму се минимални по деценијата откако пропаднаа преговорите.

По заземањето на Западниот брег во ткн Шестдневна војна од 1967 година, Израел изгради десетици доселенички населби, коишто поголемиот дел од меѓународната заедница ги сметаат за нелегални. Израел тоа го оспорува, а истовремено израелската восјка во целост контролира повеќе од половина од територијата на енклавата.

Палестинците имаат ограничена самоуправа на Западниот брег и остануваат поделени меѓу администрацијата поддржана од меѓународната заедница и вооруженото исламистичко движење Хамас, кое го отфрла соживотот со Израел, додека многумина членови во последните израелски влади ја отфрлаат палестинската државност.