Вест Хем го совлада Челзи, Астони Вила го декласираше Евертон

Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед во дуелот од второт коло на англиското првенство на свој терен го совладаа Челзи со 3:1.

Домашните поведоа уште во 7 минута со погодокот кој со глава го постигна Најеф Агуерд, но гостите од Лондон израмнија во 28 минута преку Карнеј Чуквуемека.

Вест Хем повторно дојде во водство во 53 минута кога Микаил Антони ѝ побегна на одбраната на Челзи, но веќе во 67 минута домашните останаа со играч помалку откако беше исклучлен стрелецот Аруерд.

Во продолжение гостите јалово се обидуваа да дојдат до израмнување, но домашните од противнапади ја чекаа својата шанса да резултатски да го затворат мечот. И дочекаа во шестата минута од судиското продолжение на мечот, кога најстрога казна реализираше Лукас Пакета.

Вест Хем сега има четири бодови, додека Челзи остана на еден.

Претходно во неделата Астон Вила на својот терен уедливо со 4:0 го совлада Евертон. Домашните до полувремето остварија сигурно водство од 2:0 преку Џон Мекџин во 18 и реализираниот пенал на Даглас Луиз во 24 минтуа. Во вториот дел победата ја потврдија Лион Бејли во 51 и Џон Дуран во 75 минута.

За Астон Вила ова се првите бодови во новото првенство, додека Евертон и по двете први кола е без бодови.

Во водство се Брајтон енд Хоув Албион и бранителот на титулата Манчестер Сити со по максималните шест бодови.

Во понеделник колото ќе го затвори дуелот Кристал Палас – Арсенал, а одложен е мечот Лутон Таун – Барнли.