Лидер: Зимбаков ги оставил пациентите без електростимулација – ама неговите “бизниси” си врват?

Не стивнуваат реакциите од докторите и персоналот на клиниката за Кардиологија. Извори од клиниката, за Радио Лидер потврдуваат дека се подготвува бунт против директорот Жан Зимбаков и неговиот заменик Бушлетиќ.

Бројни поплаки се испратени до Министерството за здравство, во кои вработените ги објаснуваат нерегуларностите во работењето поради кои трпат стотици пациенти.

 

„Директорот не потпишува за набавките за материјали за електростимулација, но затоа редовно се набавуваат материјали за методите кои тој ги применува. Целата клиника е впрегната за тој да собере што е можно повеќе искуство во одредени методи за оперирање а често се случуваат и злоупотреби со статистиките за одредени набавки. Трча по некакви европски сертификати за себе, додека ја запоставува целата клиника. Се ова е поради бизнис, додека сме оставени без некои од основните материјали“, стои во една од поплаките испратени до Министерството за здравство од еден од повидните доктори на клиниката.