Руската војска пресретна уште еден дрон во близина на Москва

Руската противвоздушна одбрана собори дрон кој се движеше кон Москва, спречувајќи нов обид за „украински“ напад врз главниот град, објави Министерството за одбрана во понеделник наутро.

„На 21 август, околу 6:50 часот по московско време, беше спречен обид за терористички напад на режимот во Киев во кој учествуваше едно беспилотно летало од типот на авион“, се вели во кусото соопштение на војската.

Дронот бил сооборен со помош на „електронска војна“ и се урнал југозападно од главниот град, во областа Одинцово во Московскиот регион. Воените претставници истакнаа дека инцидентот не предизвикал жртви или материјална штета.

Неколку часа подоцна, министерството објави уште една порака, во која се вели дека во понеделникот во 08:16 часот, бил соборен уште еден беспилотен авион од сличен тип над областа Истра во Московскиот регион.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на својот канал на Телеграм потврди дека „воздушната одбрана соборила беспилотно летало што се приближувало кон Москва“, при што инцидентот не предизвикал жртви или штета на теренот.

Во меѓувреме, гувернерот на Московската област Андреј Воробјев напиша дека паѓањето на остатоци во областа Истра повредило две лица и искршило прозорци во три домаќинства.

Вкупно 45 летови се пренасочени кон Нижни Новгород, Казан и Санкт Петербург. Од 09:00 часот по московско време, сите четири аеродроми продолжија со нормална работа.

Во последниве недели, Украина ги засили своите обиди да ја таргетира Москва со напади со беспилотни летала.

Во неделата војската пресретна уште едно украинско беспилотно летало над областа Ступино во Московскиот регион, кој исто така се урна во напуштена област, без да предизвика штета или повредени.

Во петокот наутро, Украина го нападна деловниот кварт на руската престолнина, при што едно беспилотно летало беше пресретнато и соборено во близина на високите згради во Москва.