Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 12 и 21, додека максималните дневни ќе бидат од 29 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.